Млекара Здравје Радово започна со работа во с. Радово во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица.
Производството се прошири со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжи со традицијата на педесет години постоење и производство на поранешен ЗИК Куманово.
Нова инвестиција. Во Р.Е. Куманово започна производството на млечни намази.
Промоција на новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појави традиционалниот производ сутлијаш.
Почеток со градба на новата фабрика во Битола.
Отворена е новата фабрика во Битола. Година во која отпочна производството на тврди сирења за пребирливите инталијански потрошувачи. БенеФит е нов специјално формулиран ферментиран производ кој е понуден на домашниот пазар.
Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени. Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 литри, денес е зголемен на над 120.000 литри.
Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Република Македонија. Истата се одвива со возила од сопствениот возен парк.
Инвестициите во истражување и развој се примарна цел на менаџментот на Млекара Здравје, со цел создавање успешен млечен бренд кој ќе ги освојува странските пазари. Во моментов производното портфолио на Млекара Здравје Радово ја сочинуваат повеќе од 25 млечни и кисело-млечни производи, кои се пласираат на домашниот и регионалниот пазар, а значителен процент од вкупното производство се извезува.